МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа во Кавадарци се одржа концерт на етно хармоника на студентите од класата на одржаа професорот Илчо Јованов од Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип. На програмата беа композиции од познати македонски автори, македонска народна инструментална и новосоздадена музика. -Пред четири години отворивме отсек за етно хармоника. Станува збор за прво вакво нешто на овие простори, за негување на нашата традиција. Бидејќи не е можно дрво без корен. Затоа мораме да ја сакаме и негуваме нашата традиција, во услови на наплив на музика од страна, рече професорот. Концертот беше реализиран во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов Климе”. Директорот на оваа културна установа Владимир Темков ја нагласи традиционалната соработка со Факултетот за музичка уметност при Универзитетот од Штип. Настанот беше во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен” kojа ке биде затворена утревечер.