МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Веднаш по официјалниот крај на ова манифестацијиа, ,продолжуваат да се одржуваат бројни културни манифестации во градот

Околу 70 настани од културата за 70-сетина дена, од сите области на културните дејности,со бројни посетители и анимирање на многумуна кои во културата го вложуваат својот потенцијал и креативна моќ.Вака би можеле да го сублимираме крајот на Кавадаречката културна есен, која синоќа беше окончана со изложба на уметнички фотографиии на Димитар Чунговски-Чунга и концертот на труба на Златко Јованов и неговите пријатели.

Директорот Владимир Темков –кој е главниот двигател и аниматор во културата последниве години, и овој пат успеа да ги спои уметничката фотографија и музиката.Тоа се две различни уметности кои имаат заеднична нота-откриваањето на внатрешниот свет кој е индивидуален за секого посебно.

Изложбата на уметничка фотографија на Димитар Чунговски-Чунга кој е еден од најзначајните македонски фотографи предизвика голем интерес кај кавадарчани.Тој да потсетиме не се води од промислата дека- значењето на авторот не се мери според бројот на создадените фотографски творби туку според творечкиот замав и уметнички ефект.

Концертот на Златко Јованов- актуелен директор на ОМБУ„Лазо Мицев Рале“ се одржа во големата сала ан Домот на Културата „Иван Мазов Климе“.Трубата која е негов инструмент Јованов успеа сите овие години да ја всади како омилен инструмент на многу генерации ученици во кавадаречко основно училиште, кои пак потоа завршија средно образование и факултет и сега се вработени во некоја институција или лебот го вадат токму од трубата. Горд на тоа ,потврда Златко имаше и од неговиот голем пријател- од Љупчо Коскаров, голем професионалец, наш човек од Кавадарци, поранешен директор на Македонската филхармонија и СМУ„Илија Николовски-Луј“„ во Скопје.

Пред љубитерите на музика , настапија млади и повозрасни музичари на труба,омилениот инструмент кој плени многумина.На програмата беа популарни мелодии и дела кои се изведуваат во наставата и на факултетите за музичка уметнист.Публиката ги нагарди со голем аплауз.Се исплати трудот на Златко Јованов.Трубата ја засакаа многу музичари.