МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Започна реализацијата на договорот за соработка со ,,Нула отпад’’ за постапување со отпадна електрична и електронска опрема како и за начинот на постапување со отпадни батерии и акумулатори. Денеска пристигна дел од корпите за селектирање на батерии кои во текот на наредната недела ќе бидат поставени во сите образовни институции во Кавадарци. Исто така ќе се објави и еко линија на која што граѓаните кои што имаат таков вид на отпад ќе можат да ги остават своите податоци за истите да бидат преземени од нивните домови.