МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од 26 до 28 мај во Бар, Црна Гора, се одржа Балканско првенство за деца на кое учествуваа 1.426 натпреварувачи од 11 држави. Како дел од Македонската карате репрезентација учество земаа и членовите на КК“ Сансаи Метал Апостолов“: Драган Шиков, Викторија Горѓиева, Викторија Златковска и Марија Димитриева . Ката тимот во состав Викторија, Викторија и Марија го освоија сребрениот медал во категоријата ката тим 10-11 години.