МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години, уште повеќе средства за поддршка и развој на тиквешкиот регион и земјоделието. Ова го најави Венко Филипче, кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во Изборна единица 4. Филипче синоќа во Кавадарци присуствуваше на отворање на нов изборен штаб.

„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакнат земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ, ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“, истакна Филипче.

Носителот на пратеничката листа на СДСМ во четворката, Филипче, говореше за вложувањата во здравството и покачувањето на платите кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот мандат.

„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бидат од 120.000 до 140.000 денари, а на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работници дома и ќе ги подобриме услугите", рече Филипче.

viber_image_2024-03-30_09-51-38-065