МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РАДОВИШ ГО СОВЛАДА АСТРАИОН А ПОТОА ЗАГУБИ ОД ВАРДАР КОЈ ТАКА СЕ ПЛАСИРАШЕ НА Ф 4 КУП ТУРНИРОТ

Ракометарите на Вардар славеа во првиот четвртфиналчен куп дуел над Тиквеш со убедливи 42-24. Вардар на оваа средба ги одмараше Дибиров, Чупиќ, Ристовски, Гаџа, а Тиквеш беше без Јанчев. ГРК Тиквеш добро почна па дури и водеше со 5:7, но вардарци направија пресврти поведоа прво со 10:7 а на полувреме водеа и со 21-12. Второто полувреме беше само формалност за конечни 42-24. Димитриоски со десет и Јагуриновски со девет погодоци беа најефикасни кај Вардар а за Тиквеш, Симиќ даде 11 погодоци. Во цторото четвртфинале Радовиш очекувано славеше над Астраион со убедливи 24-39. Во финалето од оваа група В ракометарите на Вардар обезбедија победа и против Радовиш со резултат 35:32 и на тој начин станаа првите учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија. Вардар на полувреме водеше со 19:13 и до крајот не форсираа играјки баш онолку колку им беше потребно за рутинска победа.

М.В.