МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПО ПОДОЛГА ПАУЗА ПУБЛИКАТА СЕ ВРАЌА И НА РАКОМЕТНИТЕ СРЕДБИ ВО САЛАТА ,,ЈАСМИН,,

Утре и задутре на програмата се средбите од редовното 2 коло од ракометната суперлига. Утре на програмата е само еден натпревар кој ке се одигра во Кавадарци. Екипата на ГРК Тиквеш ке го пречека фаворизираниот тим на Еурофарм Пелистер во салата Јасмин со почеток од 19 часот. Заради ковид состојбата ова е прва средба во салата Јасмин на која ке има публика но ке се запазат сите протоколи. Значи салата ке биде исполнета само 30% од својот капацитет а оние кои ке сакаат во живо да го проследат натпреварот ке треба да покажат сертификат за вакцинација барем со една доза или потврда за прележан КОВИД не постара од 45 дена. Кавадарчани дополнително се засилија на бековските позиции со ангажирањето на Стефан Дрогришки но не се знае дали повратникот во македонскиот ракомет утре ке се најде во составот на кавадарчани. Тиквеш и утре ке биде ослабен со неиграњето на левото крило Коцев и пикерот Стефановиќ кои сеуште ги санираат повредите. Во останатите средби од второто коло во четврток ке играат Скопје - Пролет, Прилеп - Металург, Еурофарм Пелистер 2 - Бутел, Струга - Охрид а во петок својот натпревар ке го одиграат Вардар и Радовиш

М.В.