СК Кавадарци настапи со 4 стрелци од кои Лилјана Илиева заврши како втора
Во саботата на стрелиштето за воздушно оружје во Битола се одржа третиот по ред куп во стрелање со воздушно оружје меѓународна програма. Стрелачкиот Клуб- ,,Кавадарци,, на овој натпревар настапи со четворица свои стрелци кои настапија во категоријата јуниор пушка и постигнаа солидни резултати.
Лилјана Илиева покажа дека се наоѓа во одлична форма и со скор од 604,6 кругови го освои второто место.
Лина Нојкова забележа скор од 579,5 кругови, Никола Караѓорѓев 575,7 кругови и Кире Богев 568 кругови.
На овој натпревар за првпат настрелците им беше овозможено да пукаат во електронски мети кои во истиот момент ги покажуваат погодоците и рангирањето на стрелците.
М.В.