Кавадарчани славеа важна победа со 32-34 и се на чекор од плеј офот

Во редовното 20 коло за ракометните суперлигаши се одиграа неколку интересни натпревари. Вардар му се одмазди на вториот тим на Пелистер за поразот и го декласираше со 32-20. Во директната пресметка за место во плеј офот Охрид го ссовлада Пролет со 23-20. Одложен е натпреварот Еурофарм Пелистер – Металург но останува прашањето до кога РФМ ке му прогледува из прсти на скопскиот тим. Бутел одвај го доби Скопје нагости со 23-24 а Прилеп немаше проблеми нагости кај Радовиш и славеше со 28-36. Ракометарите на ГРК Тиквеш гостуваа во Струга каде истоимениот суперлигаш успеа да парира во првите 20 мин. Кавадарчани се одлепија и на полувреме заминаа со 15-20. Во вториот дел стружани се обидуваа да стигнат но Тиквеш успешно ги одби сите напади. Во финишот Струга стигна до 28-30 но искусните кавадарчани мудро ја сочуваа предноста и славеа со 32-34. Повторно централна фигура кај Тиквеш беше Страхиња Симиќ со 10 погодоци на што Јанчев додаде 7 а Темелковски 6. До крајот на регуларниот дел во следното коло ГРК Тиквеш ке го пречека Вардар за да потоа му гостува на отпишаниот Радовиш.

м.в.