Сите кавадаречки спортски колективи за првомајските празници гостуваат во Битола
Првомајскиот спортски викенд ни носи мошне интересни дуели на релација Битола Кавадарци. Токму овие средби покажуваат дека Кавадарци заедно со Скопје и Битола е најспортскиот град во државата. На први мај од 17 часот фудбалерите на Тиквеш му гостуваат на Пелистер. Кавадарчани веке е сигурно ако не се надминат себеси во последните 4 кола ке играат бараж за опстанок додека Битолчани за жал следната сезона ке бидат дел од единствената втора лига.На први мај но од 14 часот кошаркарите на Еуроникел ке гостуваат во Битола. Пелистер е актуелен лидер но во минатото коло загуби непредвидено од Гостивар и сега ке сака рехабилитација додека кавадаречките кошаркари цврсто ја држат третата позиција зад Пелистер и МЗТ.Битолско кавадаречката пресметка веке утре ке ја најават ракометарите. ГРК Тиквеш имаше две тешки средби против фаворитите Вардар и Пелистер на домашен терен а и двете ги загуби. За каква таква рехабилитација ке им треба победа против Еурофарм Пелистер 2, средба која се игра утре од 18 часот. Младите битолчани се едно место пред кавадарчани на табелата но ние сезонава покажавме дека знаеме да победуваме и во ракометна Битола.
М.В.