МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Филип Талевски и Ива Младеновска беа прогласени за најкорисни на завршните турнири

Кавадарци викендов беше домаќин на завршните турнири во ракометниот куп за мажи и жени. Во петокот во полуфиналните машки дуели Вардар го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 28-24 а Еурофарм Пелистер со 25-21 го доби Бутел. Во саботата во женскоите полуфиналиња Металург направи изненадување и го совлада фаворитот Куманово со 25-21 а Ѓорче Петров го совлада Чаир со 32-28. Во неделата прво се одигра ревијален натпревар во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски а играа кадетската репрезентација на Македонија и кадетите на Бутел. Репрезентативците славеа со убедливи 33-19. Во женското финале Металург потврди дека е во добра форма и славеше против Ѓорче Петров со 30-27. Петнаесет годишната Ива Младеновска беше прогласена за МВП на завршницата а доби и награда за најдобар стрелец со 19 голови. Најдобар голман е нејзината клубска колешка од редовите на Металург Амра Илјаз. Кај мажите Пелистер во последните секунди им дозволи на Вардарци да го освојат купот откако Филип Талевски постигна гол за победа од 23-22. Токму Талевски беше и МВП и најдобар стрелец со 15 погодоци а репрезентативниот голман Томовски ја доби наградата за најдобар чувар на мрежата. Да споменеме дека РФМ на родителите на Марко Божиновски им подарија дрес специјално изготвен за оваа пригода а благодарница за помош во организацијата на завршните турнири доби и ГРК Тиквеш.

viber_image_2022-05-16_12-15-36-140 viber_image_2022-05-16_12-15-38-275 viber_image_2022-05-16_12-15-43-746 viber_image_2022-05-16_12-15-44-837

М.В.