Уште една успешна активност на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ во основните училишта
Од денесka ООУ „Хасан Приштина“ - Чаир располага со сензорна соба опремена сомноштво на дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема. Овааактивност е спроведена како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој ефинансиран од Европската Унија и претставува уште една активност во насока на подобрување наинклузивноста на основните училишта во државата.Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да придонесе кон суштинсковклучување на учениците со попреченост во редовните училишта. Овој проект го спроведуваатФондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој наинклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“,а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука.„Како дел од овој проект доделуваме стипендии на учениците со попреченост, ги поддржуваменаставниците, инклузивните тимови и образовните асистенти преку обуки за професионален развој,обезбедуваме туторска поддршка за нашите стипендисти, а работиме и на подобрување на пристапностаи инклузивноста на училиштата. Во таа насока е и оваа денешна активност, опремување на сензорна соба,која ќе придонесе секое дете да има право на квалитетно образование.“, истакна Адем Идризи одЗдружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“.Оваа сензорна соба претставува специјално опремена просторија со цел да се даде поддршка на ученицитесо и без попреченост во совладување на образовните цели. Во ООУ „Хасан Приштина“ - Чаир учат повеќеод 1100 ученици, од кои 22 ученици со попреченост ќе имаат директен бенефит од сензорната соба.„Општина Чаир се застапува да ги подобри условите за учење на сите деца во општинските училишта прекуконтинуирано инвестирање во училиштата, подобрување на пристапноста до и во училиштата, пронаоѓањеначини за подобрување на подготвеноста на наставниот кадар и обезбедување на услови за инклузивнообразование. Изразуваме благодарност до донаторот, Европската Унија, и до Проектот „Биди ИН, бидиИНклузивен, биди ИНклудиран“ заради тоа што од денес децата со атипичен и типичен развој во овојпростор со поддршка на стручната служба ќе имаат можност да работат на постигнување на својотобразовен потенцијал.“, изјави секретарот на општина Чаир, Фарук Невзади.Директорката на ООУ„Хасан Приштина“ - Чаир, Есма Фазлија, истакна дека оваа сензорна соба е опременасо елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки,учениците од аутистичниот спактар, со АДХД, и др. и претставува чекор напред во градење на инклузивнаклима во училиштето.