МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со цел збогатување на понудата со културни настани за време на летните денови во Неготино, од денеска до четврток, секоја вечер на бината во центарот на градот, ќе се прикажуваат филмови.

Како што вели директорката на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино, Мирјана Јованова, настанот е во рамки на проектот „Фестивал на тркала 2016”, кој се реализира во Република Македонија.

-Целта е проширување на спектарот на квалитетни и разновидни културни содржини. Вкупно четири филма ќе бидат прикажани во термините од 20:30 часот, соопштува директорката.

Филмските вечери во Неготино се во организација на продукциската и дистрибуциска куќа “Катавеј” од Скопје и неготинскиот културен центар. На програмата се еден анимиран и три играни филмови од богатата европска кинематографија.