Во „Парк“ се изведуваат низа активности со цел да стане повторно омилена дестинација за посетителите
Хотел Парк-Неготино –еден од најатрактивните објекти , одамна тоа не е.За жал промените во општеството со доаѓањето на нови навики и начини на размислување,технолошката револуција,го ставија објектот на маргините на угостителството и туризмот во Тиквешијата.Неправедно, би рекле ако ја знаеме местоположбата на „Парк“ неговата локација и можностите кои можат да се постигнат.
Неготинци прават свадби во угостителски локални во Кавадарци, а го имаат хотел Парк и големата ресторанска сала.Нешто се промени во начинот на размислување кај луѓето.Но да се надеваме дека на лоште искуства им дијде крајот.Доста е тагување и плачење по времето зад нас.
Има ли можност нешто да се стори , објектот да заживее?
Ова прашање деновиве му го поставивме на Пане Петров-сегашен менаџер во Хотел „Парк“ ,пиејќи го утринското кафе кое ни го свари неговата сопруга .Пане е оптимист дека ке биде работата.Тоа му е и во карактерот.Но за да ги потврди дека нешто се прави и ќе се случува не прошета по дворот на објектот и ни ги покажа собите и ресторанскиот дел.
-Капацитетот на хотелот е 145 легла и сите се во функција, вели Пане.Паркинг просторот е простран и единствен во Неготино.Во моментот има постојани гости а постои најава за нов закуп, што за нас е поволно, додава тој.Во Хотел „Парк„ можат да се побараат и да се добијат сите угостителски услуги.Така веќе ни се предвидени туристичките тури за ова лето со гости од странство, со однапред подговена програма.
Ресторанската сала има капацитет од 350 гости, мала сала од 60 гости и тераса за 200 гости.
Во рамките на заживувањето на овој простор, Петров не информира за предвиденото реновирање на терасата и подготовката на видиковец со уникатен поглед на автопатот, што е особено интересно да се посматра во лето кога раздвиженоста на ова сообраќајна делница е голем.
Освен ова при неодамнешната посета на „Парк“ ги видовме и тековните интервенции на други делови што зборува за перпективите и замислите на менаџерот за иднината на Хотел Парк„-синоним за хотелско угостителко-туристички објект во Тиквешијата.ВЕруваме дека успешната приказна за „Парк“ ке продолжи ...