МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поројните врнежи од дожд кои неодамна ја зафатија општина Неготино поради конфигурацијата на теренот на овој град придонесоа најголемиот дел од водата да се спушти во централното градско подрачје. Токму затоа, веднаш по престанувањето на врнежите екипи на ЈП Комуналец и на Територијалната противпожарна единица од Неготино интервенираа на расчистување на центарот на градот. Покрај со работна рака и механизација, во акцијата се вклучени и 2 цистерни со вода со кои се чисти центарот на градот.