МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Прес конференција на градоначалникот на Општина Неготино Ванчо Апостолов

Намалување на невработеноста, решавање на проблемот со водоснабдувањето, асфалитирање на голем број улици и регионални патни правци, гасификација и други капитални проекти ке б идат предмет на инвестирање ова година порача градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов

2016 беше година на реализирање капитални проекти во општина Неготино. Денеска на прес Апостолов потсети на дел нив . Неготино има три индустриски зони. Се започна со индустриската зона „Неготино“покрај автопатот и железничката пруга на површина од 25 хектари. Исто така продадени се сите 17 парцели и прашање на време е кога инвеститорот ќе започне со изградба на капацитетите од лесна и незагадувачка индустрија. Имајќи го во предвид големиот интерес за парцели локалните власти ја оформија и индустриската зона „Неготино 1“ на површина од 35 хектари. За кратко време ќе биде комплетирана и документацијата за индустриската зона „Дуброво-Тремник“ по што ќе биде објавена за продажба на парцелите.

Инаку во изминатиот период изградени се и ставени во функција неколку регионални патни правци, а асфалтирани се и улици во Неготино и населените места.Поставена е водоводна атмосферска и фекална мрежа во повеќе урбани зони во Неготино, каде се лоцирани поголем број на стопански капацитети, а асфалтиран е исто така и целиот простор.