МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

“Почитувани сограѓани и жители на Росоман Манастирец и Рибарци поради зголемената потрошувачка на вода и поради лошата Хидролошка состојба во земјата и регионот се соочуваме со проблем за редовно снабдување со вода и поради тоа ќе се спроведуваат рестрикции во Кавадарци и Росоман. Водата во во. Росоман ќе ја нема во попладневните и вечерните часови а ќе биде пуштена во раните утрински часови. За нови промени дополнително ќе бидете известени. ЈПКД Росоман дополнително ќе се ангажира за надминување на овој проблем. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и стрпливост.„

ЈПКД „Росоман“ директор Гоце Величковски