МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советниците едногласно ја усвоија програмата за манифестацијата „17 декември - Ден на општина Росоман“

Советниците од општина Росоман вчера ја одржаа редовната 17 седница. По кратките несогласувања со записникот од претходната седница и со предложениот дневен ред советниците го усвоија новиот дневен ред со неколку надополнувања и тоа едногласно. Извештајот на комисијата за образование, култура, спорт и одбележување на празници и манифестации со акцент на предлог програмата за манифестацијата „17 декември - Ден на општина Росоман“ исто така помина едногласно. Едногласно помина и извештајот на комисијата за урбанизам конкретно иницијативата за урбанистички проект- станбена куќа во Росоман. Иницијативата за бензинска пумпа во Росоман помина со 6 гласа ЗА и 2 воздржани но советниците не ја одобрија и не ја изгласаа иницијативата за мали хидроелектрани во КО Трстеник. 4 гласа ЗА и 4 воздржани доби извештајот за работа на ЈПКД Росоман за периодот од 01.01.2022 до 30.06.2022 година а Павлинка Секуловска беше избрана како претставник на советот во УО на ООУ „Пере Тошев“. Барањето за утврдување на висината на месечниот паушал за ангажирање на членови во УО и НО беше вратено назад до ЈПКД Росоман. Советниците одобрија финансиска помош за физичко лице и воедно изгласаа и пренамена на финансиски средства од буџетот и сметките на ЛС, Детската градинката „Праскичка„ и ОУ „Пере Тошев„.

М. В.