МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советниците го верификуваа мандатот на новата советничка Бранкица Несторовска

Советот на Општина Росоман вчера ја одржа редовната 19 седница. Откако едногласно беше прифатен дневниот ред комисијата за верификување и именување го верификуваше мандатот на новата советничка Бранкица Несторовска која доаѓа на местото на Емилија Симонова која од семејни причини се откажа од советничката функција. Таа даде заклетва а потоа комисија даде зелено светло за формирање на новата комисија за еднакви можности за чиј претседател беше избрана Павлинка Секуловска.Советниците едногласно ја разрешија Емилија Симонова од членство во комисиите за урбанизам и комунални дејности, статут и прописи,земјоделие, ЛЕР и здравство и социјална заштита - и на нејзино место во истите комисии ја именува новата советничка Бранкица Несторовска. Потоа советниците едногласно ги усвоија и точките за ажурирање на процена на загрозеноста на подрачјето на општина Росоман од сите ризици и опасности, одлуката за организација, делокруг и начин на извршување на задачите на општинската администрација, програмата за уредување на градежно земјиште, програмата за изработка на УП и ЛУПД за 2023, програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Росоман како и програмата за одбележување на празници и манифестации за 2023. Единствената точка каде советниците не беа едногласни беше последната односно кварталниот извештај (четвртиот) за извршување на општинскиот Буџет.Советниците поставија неколку прашања а градоначалникот Николов одговори на оние за кои имаше податоци и познавање. На крај 5 гласа за и 4 воздржани по гласањето на оваа точка.

М.В.