МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера кавадаречкиорт второлигаш ГФК Тиквеш ja совладаа Победа Валандово со 3-1 (2-1).

Ова е втора победа над Валандовчани за кратко време. Подготовките на ГФК Тиквеш со неколку нови имиња продолжуваат со поголем интензитет, а до стартот на новата сезона се очекува кавадарчани да се одиграат уште неколку пријателски натпревари.

Новиот тренер Дарко Крстески кој ги спроведува подготовките и натпреварите на клубот од Кавадарци е оптимист за првенствениите средби кои започнуваат овој месец. Ждрепката за новата сезона е предвидена за в понеделник 7 август, кога ќе бидат извлечени и паровите за првото коло на Купот на Македонија