МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕКИПАТА ОД ГРАДСКО НА ТРЕТОТО МЕСТО ЗАОСТАНУВА 2 БОДА ЗАД ВОДЕЧКИТЕ НАПРЕДОК И ЦРНИЛИШТЕ

Комшиското дерби во Градско помеѓу „Локомотива“ и „Вардар“ од Неготино во рамките на 10 коло од ТМФЛ група југ заврши без победник со резултат од 1:1. Иако и двете екипи посакуваа победа и цел плен кој ке им овозможи да се борат за место кое води во повисок ранг на крајот сепак мораа да се задоволат само со по еден бод. Домакинот беше поблиску до победата бидејки со голот на Шабанов во 15 мин имаше водство од 1:0. Но Петров во 88 мин постигна гол за израмнување и ги спаси неготинчани од пораз. „Дојранско Езеро“ го декласираше во вистинска смисол на зборот тимот на „Динамо“ со убедливата победа од 9:3. Во Удово се соочија екипите на „Младост“ Удово и „Младост 1930“ а натпреварот заврши со минимална победа на домаќинот од 1:0. „Ново Црнилиште“ во дербито го совлада „Превалец“ со високи 4:1. „Питу Гули“ одигра одличен натпревар на домашен терен против амбициозниот тим на „Обршани“ но средбата заврши без голови. „Марена“ на домашен терен запиша сигурна победа откако со 2:0 славеше над „Илинден БС“. На табелата во третата лига - југ водат екипите на „Напредок“ од Крушеани и „Ново Црнилиште“ со по 21 освоен бод, додека на третото место е „Тим Локомотива“ од Градско со 19 бодови. Веке утре во рамките на 11 коло екипата на „Локомотива“ ке му гостува на „Обршани“ додека „Вардар“ во Неготино ке игра со „Марена“.

м.в.

129881136_2719713084910257_311064043204796489_n