ПОБЕДИ НА ВАРДАР НЕГОТИНО , РОСОМАН И ЛОКОМОТИВА ГРАДСКО А ТИКВЕШ ОДИГРА НЕРЕШЕНО СО ПРВОЛИГАШОТ РАБОТНИЧКИ

Фудбалерите на „Тиквеш“ и во третата контролка останаа непоразени. Кавадарчани му гостуваа на „Работнички“ и одиграа 1:1. „Тиквеш“ прв го отвори резултатот со голот на Петар Љамчевски а романтичарите израмнија во 26 мин со голот на Никола Прелчец. До крајот двете екипи имаа свои шанси но резултатот не се смени. Во својата четврта контролка екипата на „Вардар“ од Неготино ја забележа и втората победа. На гостувањето во Свети Николе „Вардар“ беше подобар од „Овче Поле“ со резултат 2:3. Стрелци за „Овче Поле“ беа Марио Атанасовски и Трајче Илиев додека за тимот од Неготино головите ги постигнаа Дане Митрев,Борче Димовски и Игор Ѓорѓиев.Второлигашот „Росоман“ продолжува со победите во контролните средби. Овојпат росоманчани беа подобри од „Марена“ со резултат 4:1. Стрелци за „Росоман“ беа Дарко Божиновски,Петар Николов,Бојан Миланов и Борче Макешовски. Претходно росоманчани ги совладаа екипите на „Црнилиште“ и „Локомотива“. Во третолигашката пресметка во Црнилиште, екипата на есенскиот шампион „Локомотива“ од Градско немаше милост кон домакинот „Ново Црнилиште“. Домакините дури и поведоа со голот на Ибраимоски во 16 мин. Меѓутоа следуваше половина дузина голови на екипата од Градско за победа од 1:6. Стрелци на головите беа Нацев 27,Мемков 37, Ќазимов 37,65,80 и Усеинов 50. Претходно и двете екипи загубија од второлигашот „Росоман“. За крај само да споменеме а и најавиме дека во среда од 14 час на стадионот во Неготино ке се одигра пријателски натпревар во кој ке се сретнат големите спортски ривали и комшии екипите на „Вардар“ од Неготино и „ГФК Тиквеш“ од Кавадарци.

м.в.

safe_image