МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТРИ ДЕРБИ СРЕДБИ ВО БОРБА ЗА ВРВОТ - ЦРНИЛИШТЕ ЈА ПРЕЧЕКУВА ЛОКОМОТИВА ВО КЛУЧНОТО ДЕРБИ

Третолигашите од групата југ треба да го одиграат редовното 22 коло кое ке го одбележат три дерби натпревара во кои водечките екипи играат помеѓу себе. Големото дерби се игра во Црнилиште кое го пречекува лидерот Локомотива од Градско. Домакинот е втор на табелата и заостанува 4 бода зад лидерот па со евентуална победа ке се доближат на само бод. И останатите екипи од врвот ке го чекаат исходот од оваа средба но и тие самите имаат тешки пресметки. Третопласираното Братство му гостува на петтиот Превалец. Братство заостанува три бода зад Црнилиште а Превалец има 6 бода помалку од Братство. Домакинот ке сака да фати приклучок со водечките додека гостите со триумф ке се приближат до двете првопласирани.Четвртиот Вардар од Неготино гостува во Крушеани кај шестиот Напредок. Крушеани засега имаат 34 бода колку и Превалец а Вардар собра 38. Локомотива засега е лидер со 47 бодови пред Црнилиште со 43. Но мора да напоменеме дека Братство и Вардар имаат и натпревар повеке во споредба со останатите екипи од врвот односно допрва ке паузираат. Во ова коло Марена гостува во Крушево кај Питу Гули, а Динамо го пречекува Младост од Кривогаштани. Дојранско Езеро дома игра со Големо Коњари а Младост во Удово го пречекува Обршани.

М.В.