ТИКВЕШ ИМА ТЕШКО ГОСТУВАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА А БРЕГАЛНИЦА КЕ ПАТУВА ВО КОЧАНИ
Редовното 24 коло од втората македонска фудбалска лига група исток нема да донесе никакви промени на првенствената табела или во борба за врвот на истата но затоа носи неколку интересни дуели. Тиквеш патува во Гевгелија на мегдан со секогаш незгодниот тим на Кожув. Брегалница има исто така тешко гостување во Кочани кај Осогово. Во Пехчево Кит Го ја пречекува Саса а четирите екипи од дното на табелата играат помеѓу себе. Во Радовиш Плачковица ја пречекува Победа додека Росоман на домашен терен ке брка бодови против екипата на Слога Виница.
М.В.