МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Иако помина само една недела од стартот на подготовките новиот прволигаш екипата на ГФК ТИКВЕШ денес го одигра и првиот контролен натпревар против екипата на Македонија Ѓорче Петров. Средбата започна со мала церемонија на која гостите од Скопје на претседателот Масларков му подарија нивен дрес со број 17 со што му го честитаа враќањето во првата лига.. Двајцата тренери им укажаа доверба на сите па буквално сите одиграа по едно полувреме. Тиквеш поведе со голот на Христов во 7 мин но гостите израмнија во 35. Во 50 мин црномурестиот Тоа повторно му донесе предност на кавадарчани но пет минути подоцна гостите повторно израмнија. Тиквеш поведе со голот на Мишов во 78 мин со 3:2 а истиот играч од пенал ги постави конечните 4:2 во 85 мин.Да споменеме дека и публиката се врати на трибините а следната контролка Тиквеш ке ја одигра против Работнички во Скопје на 7 јули.

209666896_2946438412238981_6584119650690906793_n