МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

,,Црна Река,m дома загуби од ,,Железарец,, со 2-3 а ,,Клими,, беше поразена нагости од ,,Астибо,, со 7-6

Иминатиов викенд се одиграа средбите од 8 коло во првата машка футсал лига а на сите средби славеа гостинските екипи. Црна Река во Кавадарци го пречека Железарец и одлично го отвори натпреварот со головите на Шиков и Јанев поведе со 2-0. Но тука како да застанаа и му дозволија на противникот во вториот дел да направи целосен пресврт и со три гола да слават со 2-3. Арбен Бајрами очекувано славеше нагости во Велес кај Борец со 3-10. Карадаку загуби дома од Шкупи со 3-4, а дома загуби и Шкендија од Енхалон со 4-7. Шампионот Проект немаше проблеми нагости кај Јувентус Серава и славеше со 2-8. По 8 кола на табелата води Шкупи без пораз со 24 бода пред Проект кој има 21 и Железарец со 18. Црна Река е на 8 место со само 7 освоени бода.Во втората футсал лига на програмата беше 5 коло. Фудбалерите на Клими немаа срека на гостувањето во Штип кај Астибо Иако на два пати водеа со 3-5 и 4-6 сепак во самиот финиш потклекнаа и на крај беа поразени со 7-6. Мал Ајакс го совлада Црешово Топче со 7-3, а Форца со 6-2 го совлада Кардашлк. СЕЕ Университи со 7-2 го доби СФК Проекта Кеги Моби во Битола ги совлада Конзули со 1-6. На табелата со максимални 15 бода води Кеги Моби пред Астибо и Конзули со 12.

М.В.

262142436_1044225756362895_7064068114904683449_n