МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црна Река победи со 5-4 а Клими на противникот му сервираше цела дузина голови

Кавадаречките футсалци ја искористија предноста на домашниот терен. Прволигашите ги одиграа средбите од 15 коло. Црна Река во Кавадарци го пречека тимот на Јувентус Серава. Кавадарчани по првиот дел губеа со 1-3 а на стартот на вториот дел и со 1-4. Меѓутоа Мицев и Гацев постигнаа 4 гола за победа од 5-4. Лидерот Шкупи не дозволи изненадување против фенерџијата Велес и славеше со 6-4. Во останатите средби Проект – Карадаку10-3, Енхалон – Арбен Бајрами 5-4 и Железарец – Шкендија 8-1 На табелата води Шкупи со 42 бода, 3 повеке од Проект. На третото место е Арбен Бајрами со 27 па Железарец со 25 и на 5 место е Карадаку со 18 колку што има и екипата на Црна Река. Следуваат

Јувентус Серава и Енхалон по 14, Шкендија со 11 и Велес со 8.

Второлигашите го одиграат редовното 12 коло. Екипата на Клими немаше милост кон тимот на СФК Проект и славеше со убедливи 12-4. Во Свети Николе Овче Поле го совлада СЕЕ Универзити со 6-3. Форца го декласираше Мал Ајакс со 9-1 а во штипското дерби помеѓу Кардашлк и Астибо славеа гостите со 4-6. Колото ке заврши денес со средбата Црешово Топче и Кеги Моби. На табелата води Форца со 30 бодови пред Клими кои собраа 28 и Кеги Моби со 25 но и средба помалку

м.в.