Кавадарчани посакуваат крај на губитничката серија токму против силниот битолски состав

Во првата машка кошаркарска лига викендов се играат средбите од редовното 5 коло. Колото стартува денеска со братската пресметка помеѓу МЗТ 2 и МЗТ. Утре се играат средбите Кожув - Феникс, Ангели - Гостивар и Работнички -ТФТ. Во недела се игра големото дерби во Кавадарци а во него кошаркарите на Еуро Никел ке го пречекаат битолски Пелистер во обидот да ја прекинат серијата порази. Средбата се игра во салата Јасмин во недела од 19.30. Последната средба од ова 5 коло во понеделник ке ја одиграат Куманово и ФМП.Кај девојките од елитната група А на програмата е 4 коло. Утре се играат средбите Бадел - Работнички, Кр. Паланка - Вардар и Баскет Кам - МЗТ. Единствената средба која се игра во недела е онаа која ке се одигра во салата Партизан во Кавадарци со почеток од 16.30 каде Пробаскет ке го пречека тимот на Струга. Во групата Б се игра 3 коло. Двојките се Мега Баскет - Тим Арена, Патриот - Риниа и Куманово - Гризли. Вториот кавадаречки претставник екипата на Трокал по двете стартни победи во недела ке има тешко гостување кај незгодниот тим на Шкупи

М.В.