МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Трокал ја продолжи доминацијата во групата Б и во 6 натпревар ја забележаа 6 победа

Во првата женска кошаркарска лига се одиграа редовните кола. Во елитната група А во 7 коло се постигнаа следниве резултати. Кошаркарките на Пробаскет му гостуваат на МЗТ каде беа несрекно поразени со 59-56. Ова за нашите девојки беше 7 пораз во исто толку натпревари. Вардар - Работнички 93-63, Струга - Бадел 59-74 и Кр.Паланка - Баскет КАМ 61-96.

Во групата Б и по 6 коло продолжува доминацијата на девојчињата од екипата на Трокал. Тие и во 6 натпревар ја забележаа 6 победа овој пат против многу повозрасната екипа на Гризли со 58-43. На останатите средби Риниа - Куманово 40-61, Мега Баскет - Гостивар 41-95 и Патриот - Шкупи 64-38.

М.В.

На својот ФБ профил кошаркарките на ЖКК Трокал за средбата со ,,Гризли,, напишаа

,,Нова победа на нашите девојки против искусната екипа на ЖКК Гризли. Ова беше многу важна утакмица за нас со што остваривме скор шест победи од шест натпревари. Големо браво за девојките кои не покажаа страв од противничките кои беа драстично повозрасни од нашите млади и талентирани кошаркарки. Голема благодарност за нашата публика која денеска беше во значаен број и беше наш 6ти играч и на овој натпревар! Тука не е крајот продолжуваме со огромен труд и борба да го одржиме нашиот максимален ефект и да покажиме дека од нашиот град може сеуште да произлегуваат вакви спортски херои!,,