На 11 мај. беше одбележанa уште една годишнина на истакнатиот револуционер, раководител и учител Димче Ангелов - Габерот во Демир Капија
Во училиштето што го носи неговото име во Демир Капија беа организирани литературен и ликовен конкурс на тема "Моето училиште - мој дом", а во спортската сала се одржаа натпревари во ракомет помеѓу учениците во машка и женска конкуренција. Беше одржана и седница на наставничкиот совет на училиштето на која беа доделени јубилејни награди и признанија за долгогодишна посветеност, успешна работа и постигнати резултати во воспитно- образовниот процес.
Пред бистата на Габерот свежо цвеќе положија градоначалникот на Општината, Претседателот на Советот и советниците, како и директорката на училиштето со претставници од стручната служба и останати присутни гости.За крај, во спортската сала се одржа Свечена Академија која ја отворија учениците од нижото музичко училиште, беа доделени признанијата за најдобрите ученици од страна на директорката, а учениците од прво до петто одделение се претставија со уметнички мјузикл под мотото "Шарена Европа".