МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Одржана шестата форумска сесија во Демир Капија

Во просториите на Центарот за едукација и вмрежување во туризмот – ЦЕНЕТ се одржа последната шеста сесија од Буџетскиот форум, кој Општина Демир Капија го спроведуваше заедно со граѓаните. Успешната соработка помеѓу граѓаните на општина Демир Капија и локалната самоуправа доведе до создавање на Буџетот на општината за 2016 година, преку кој што се реализираат проекти и препораки, кои што ги предложија и приоретизираа граѓаните на изминатите пет сесии.

На оваа сесија, модераторот и ко-модераторот на форумот дадоа детален преглед за текот и спроведувањето на овој проект и соопштија дека граѓаните го оцениле форумот со оцена 4,7. Ваквата висока оцена на форумот, како платформа за заедничко донесување на одлуки од локалната власт и граѓаните покажува дека Општина Демир Капија успешно го реализира првиот Буџетски форум. Исто така на сесијата од членот на работната група, Живко Шипинковски беше презентиран и текот на реализацијата на избраните проекти и предлози. За реализацијата на шесте приоретизирани буџетски програми и досегашната реализација на Буџетот на Општина Демир Капија за 2016 година објаснување преку презентација даде соработникот за финансии во општина Демир Капија, Марија Ангелова.