МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во текот на месец мај, во Демир Капија пристигнаа и се уредуваа книги за формирање на библиотека по англиски јазик.

Книгите се донација од организацијата Librarians Without Borders (Библиотекари без граници) од Канада. Иницијативата за испраќање на книгите и целата организација беше остварена со посредство на Благоја Велковски, долгогодишен иселеник од Демир Капија во Канада. Транспортот од Торонто до Белград го организираше Виктор Велковски, а од Белград до Македонија Соња Зафировска. Нашето училиште доби вредна донација од шест пакети книги кои се кодирани по возрасни групи од претшколска возраст до тинејџерска возраст. Книгите се привремено сместени во училишната библиотека. Истите беа сортирани непосредно по нивното пристигнување од страна на наставникот по англиски јазик, проф. Ристе Казиев. Откако ќе биде опремен кабинетот по англиски јазик со соодветни полици за книги, сите книги ќе бидат преместени во истиот, а учениците ќе имаат можност да ги позјмуваат.Денеска Благоја Велковски, во присуство на градончалникот, Лазар Петров и директорката, Менче Николова, извршија увид во библиотеката. Благоја Велковски истакна дека и понатаму ќе се залага за збогатување на библиотечниот фонд на книги според потребите на учениците.Директорката и вработените од училиштето се заблагодаруваат за оваа донација која со сигурност ќе помогне во наставата по англиски јазик и ќе ги мотивира учениците да читаат повеќе.

64903605_1274759992681449_2246654356965294080_n.jpg