Отварање на турнир во мал фудбал Света Богородица во Демир Капија e предвидено за 10 август-сабота.

На ден 10.08.2019 година со почеток во 21 часот на училишното игралиште во Демир Капија во организација на Спортскиот клуб Клисура во соработка со Општина Демир Капија по 11 пат ќе биде отворен турнирот во мал фудбал Света Богородица. Најпрво ќе настапат членовите на Културно уметничкото друштво Мирка Гинова, ќе се обрати и Градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров, а потоа ќе следуваат натпреварите. Граѓаните ќе имаат можност се до 27 август во вечерните часови кога ќе се одржи и финалниот натпревар да ги следат натпреварите на пријавените тимови.За победниците следуваат и награди и тоа за прво место 80 000 денари, второ место 40 000 денари, трето место 30 000 денари и четврто место 10 000 денари.