МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Одбележување на Европска недела на мобилност

Овој Септември активно ја одбележуваме Европската недела на мобилност која се одржува во периодот од 16-22.09.2020. Почнувајќи од 2002 година преку Европската недела на мобилност се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт.

Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со урбаните предизвици. Темата за оваа година е: Zero-emission mobility for all/Мобилност со 0 емисии за сите.

Локалните власти се охрабруваат да ја користат неделата за да тестираат нови мерки за транспорт и да добијат повратни информации од јавноста. Исто така е одлична можност за локалните засегнати страни да се здружат и да разговараат за различните аспекти на подвижноста и квалитетот на воздухот, да најдат иновативни решенија за намалување на употребата на автомобили и емисиите на транспорт и да ги тестираат новите технологии и мерките за планирање.

Во рамките на тој период нашиот веќе препознатлив настан Вело Родео како дел од програмата „Вело Училишта“ ќе го одржиме во вашата општина на ден 18.09.2020 (петок) со времетраење од 3 часа односно во периодот од 16:00-19:00ч во Градскиот Парк кај игралиштето.

Вело Родео настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици од основните училишта од 4то до 9то одделение кои имаат желба да возат велосипед како и активно и едукативно да се забавуваат преку нашите едукативни игри кои ги имаме подготвено како: Еко Не лути се човече (во реална големина), Вело Меморија (мега верзија, карти и онлјан апликација), Еко квиз, Вело Маало,Твистер и многу други. Вело Родео настанот се основа на тоа преку игра, забава и едукација, учениците да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање.

Оваа година Вело Родео настанот е поделен во два дела:

Едукативен каде учениците ќе можат да учат за баланс, моторика, како и за сообраќајните знаци и основните правила во сообраќајот за безбедно учество во истиот. Дополнително во овој дел ќе има одвоено и простор за бавна трка, преку која учениците ја совладуваат и вежбаат својата координација, рамнотежа, тргнување и запирање. Забавен каде учениците ќе имаат можност да ги покажат, вежбаат и унапредат сопствените велосипедски вештини преку: полигонско возење со препреки, возење во круг, возење по даски и препреки, и многу нови вежби кои за прв пат ќе бидат промовирани оваа година.

На самиот почеток на Европската недела на мобилност исто така ќе биде споделен предизвик преку онлајн апликацијата Страва за најмногу поминати километри со велосипед. На предизвикот право на учество ќе имаат сите заинтересирани ученици од 6то до 9то одделение. Истовремено, во текот на неделата ќе биде отворен конкурс за литературно и ликовно творење на теми поврзани со климатските промени и размислувањата на најмладите за создавање на вело градови, вело маала.

Во текот на целата недела на одбележување, во сите градови кои ќе ги посетиме, ќе биде поставена и изложба на пристигнатите (физички цртежи) кои беа дел од минатогодишниот објавен ликовен по повод неделата на мобилност 2019.

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.

Во рамки на одбележување на Европска недела на мобилност, во реализација на Здружение на граѓани Еко Логик преку програмата Вело Училишта, во текот на утрешниот ден ќе биде реализиран Вело Родео настан. Настан е предвиден во градскиот парк во Демир Капија ( кај игралиштето) со почеток од 16 часот до 19 часот.