МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со Општина Демир Капија, започна со реализација на проектот за изградба на дел од комуналната инфраструктура во етно-винско село Клисура, село Клисура, со изградба на дел од системот за водоснабдување како прва фаза.

Изградбата опфаќа изградба на каптажа, водоводна линија од каптажата до селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили) и изградба на водоводна мрежа во селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили).

Средствата се обезбедени од Буџет на општина Демир Капија и Центар за развој на вардарски плански регион кој ги обезбеди од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.