Денеска во Демир Капија во организација на Спортки клуб Клисура во соработка со Општина Демир Капија по 12 пат беше отворен турнирот во мал фудбал ,,Света Богородица,, кој се одржува по повод празникот Голема Света Богородица- празник на градот.На овој турнир се пријавија и ќе се натпреваруваат 17 екипи. Пред отварањето на турнирот настапија најмладите членови на Културно уметничкото друштво Мирка Гинова од Демир Капија.Потоа следуваше обраќањето на градоначалникот Лазар Петров кој го прогласи турнирот за отворен. Турнирот ќе трае до 27 август кога ке се одржи и финалниот натпревар и ќе бидат прогласени победниците. 233713960_547053633305468_8714401909703503831_n 234843435_547054216638743_3893351439415995717_n 235764208_547053473305484_5587640154280122550_n