МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 13 мај.2019 година (понеделник) беше одбележанa уште една годишнина од живот и делото на истакнатиот револуционер, раководител и учител Димче Ангелов - Габерот и му се оддаде заслужена почит, со што уште еднаш се потврди големото значење на Габерот во придонесувањето на слободарските идеи. Беа организирани литературен и ликовен конкурс на тема "Габерот засекогаш ќе остане во нашите срца", а во спортската сала се одржаа натпревари во ракомет помеѓу учениците во машка и женска конкуренција.Беше одржана и седница на наставничкиот совет на училиштето на која се доделени јубилејни награди и признанија за долгогодишна посветеност, успешна работа и постигнати резултати во воспитно- образовниот процес, како и решенија за вработување на неопределено време на четворица наставници.Исто така беше пуштена во употреба ново-реконструираната училишна зграда во с. Прждево - проект финансиран од страна на Министерството за образование и наука во рамки на програмата за реконструкција на основни училишта во рурални средини.Пред бистата на Габерот свежо цвеќе положија градоначалникот на Општината, претседателот на советот и советниците, како и директорката на училиштето со претставници од стручната служба и останати присутни гости.За крај, во спортската сала се одржа Свечена Академија која ја отворија учениците од училишниот хор, беа доделени признанијата за најдобрите ученици од страна на директорката, а учениците од шесто до деветто одделение се претставија со рецитали, драмски изведби, музички перформанси и сплетови. 60326326_1243399675817481_6910389396130758656_n.jpg60071553_1243395979151184_4525641996534022144_n.jpg60516579_1243399255817523_5396244219759165440_n.jpg60297463_1243399959150786_7715089538086862848_n.jpg60138795_1243396999151082_3674836024900452352_n.jpg60843361_1243399365817512_761854922600742912_n.jpg