МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Демир Капија, врз основа на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми проекти и други активности од областа на животната средина потпиша договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за доделување на финансиски средства за изградба на крак од фекална канализација во с.Корешница. Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 1.424.943,00 денари, од кои средствата од страна на Министерството изнесуваат 1.000.000,00 денари, додека остатокот од средствата ќе биде кофинансиран со средства од буџетот на општината. Општина Демир Капија, потпиша договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за доделување на финансиски средства за изградба на два крака од фекална канализација во с.Чифлик. Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 2.089.777,00 денари, од кои средствата од страна на Министерството изнесуваат 1.700.000,00 денари, додека остатокот од средствата ќе биде кофинансиран со средства од буџетот на општината. 282582311_10224084536795435_3693789585660044116_n