МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На седницата беа разгледани и усвоени Предлог-Програмата за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2016 година, одлука за доделување на Награда “7-ми Ноември“ и Признанија за 2016 година kako и одлука за усвојување на Програмата за одбележување на денот на ослободувањето на Демир Капија 7-ми Ноември 2016 година. Беше донесена одлука за одобрување на финансиски средства за изработка на монографија за општина Демир Капија под наслов “ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА – МОНОГРАФИЈА -ВТОРО ДОПОЛНЕТО ИЗДАНИЕ“ (од најстари времиња до денес).Се донесе и Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Демир Капија во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП2).Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.