МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Очајно е работи кои се правеле во времето на Југославија СДСМ да си ги препишува како нивна заслуга, се вели во соопштението до медиумите

Во одговорот адресиран до претседателот на ОО на СДСМ-Кавадарци Зоран Ѓорѓиев по неговиот прес одржан вчера во кој ја критикува Општинската власт и градоначалникот Панов денеска до www.rtk.mk , од ОК на ВМРО-ДПМНЕ пристигна следното соопштение: „ Очајнички е за работи кои се правеле во времето на Југославија вие да ги препишувате дека ги правела вашата партија СДСМ. Впрочем наследството на кое се повикувате, комунистичката партија, вашето раководство сака да го прогласи за геноцидно, само за да дојде денес на власт.Но да зборуваме за тоа што СДСМ направи во Кавадарци. Олигархијата во вашата партија СДСМ ги грабна сите фабрики од тоа време, од времето на Југолсавија и ги претвори во прав. Сведоци за тоа се илјада кавадарчани кои останаа без работа во ваше време. По распадот на Југославија вашата партија го грабна и целиот имот кои беше на Југославија и го претвори во штабови низ цела Македонија во кои денес никој не ни влегува. Во вашата партија сепак има останато нешто од тој систем. Ама Најлошото. Останаа само кодошите како Фрчковски, Богоевски, Верушевски и Милчин кои ги кодошеа, а и ден денес си ги кодошат своите браќа Македонци само да се доберат до власт.За проектите на ВМРО-ДПМНЕ само треба да се свртите околу себе и да ги погледнете. Да ги погледнете новите фасади на згради со енергетска ефикасност, да ги погледнете новите штедливи светилки низ целиот град, се гради и се доградуваат нови градинки, направени се километарски нови тротоари, водоводни системи, детски игралишта и спортски сали.Се уредува кејот на реката „Луда Мара“ и се отвори Факултет во Кавадарци.Ќе заборавиме да го спомниме најбитното, Во Кавадарци се намали невработеноста на ниво на кое беше во времето на Југославија. Новите работни места се можеби најбитното за кое ВМРО-ДПМНЕ победи на претходнитре избори.ВМРО-ДПМНЕ не запира тука. Додека вие се борете со вашите сопартиици за кој да биде кандидат за градоначалник од вашата партија и правите очајни пресконференции, ние напорно работиме за подобар живот на Кавадарчани и на цела Македонија. Заедничка Македонија.“