МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Четиригодишно дете од Неготино кое било искасано од куче

Денеска детето било примено во кавадаречката општа болница. Како што информира началникот на одделението за хирургија при болницата, хирургот доктор Дано Кулев, станува збор за дете од Неготино. Според тоа што го изјавиле родителите, детето било искасано во дворот на соседите.

-Станува збор за четири рани. Две на задниот дел од главата и по една на левото рамо и внатрешниот дел на левата натколеница, појасни докторот.

Било интервенирано врз раните, а детето добило и соодветна терапија. Задржано е на хируршкото одделение во болницата.

Кулев вели дека се случува да им доаѓаат пациенти со каснувања од кучиња. Во последните два случаи едно од каснувањата исто така било од комшиско куче, а другото од куче скитник.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)