МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината Кавадарци во изминатиот период е фокусирана покрај другото и на социјалната заштита која е од големо значење за граѓаните, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов на прес конференција.

Тој појасни дека се спроведени низа проекти со кои директно се влијае врз подобрувањето на условите за живот на лицата кои имаат потреба од социјална помош и заштита.

-Би сакал да истакнам дека во делот на социјалните трансфери минатите четири години локалната самоуправа има издвоено над пет милиони денари. За еднократна помош во 2013 година се издвоени 1.241.000 денари, следната година 676.000, 2015 година 1.481.000, 2016 1.320.000 и оваа година заклучно со март, над 404.000 денари, соопшти градоначалникот.

Покрај ова, додаде тој, реализирани се и неколку значајни проекти со кои се подобруваат инфраструктурните услови за живот на лицата со посебни потреби, како и за лицата со попреченост.

Панов информираше дека заедно со Министерството за труд и социјална политика отворен е мал групен дом за деца кои во еден дел од својот живот се соочуваат со воспитни и психосоцијални проблеми. Од пред три години, општината секоја година набавува инвалидски колички за потребите на одредена група на граѓани од Кавадарци. Изграден е и лифт во зградата на локалната самоуправа. На неколку пати е реализиран проект за времен ангажман на лица од социјално ранливи семејства, за помагање на стари и изнемоштени лица. Социјални случаеви исто така времено се ангажираат во извршување на општокорисна работа.

(Видео изјава Панов)