МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Проектот веке шестта година се имплементира на територијата на општина Кавадарци

Во рамки на проектот „Имплементација на конвенцијата на правата на детето“ кој здружението на граѓани „Зона“ во соработка со коалицијата на младински организации „Сега“ веќе шестта година го имплементира на територијата на општина Кавадарци, во понеделникот, 14 ноември, осум ученици од гимназијата „Добри Даскалов“, членови на ученичката заедница, ја проследија редовната 51 седница на Советот на општина Кавадарци.Целта на посетата беше членовите на ученичката заедница подетално да се запознаат со начинот на функционирање на Советот на општина Кавадарци, техничката подготовка и реализацијата на седницата, во насока на подобрување на организацијата на седниците на ученичката заедница.

111111100001.jpg

Покрај посетата на седницата на Советот на општина Кавадарци, ученичката заедница од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци синоќа оддржа редовна седница на која присуствуваа и членовите на Советот на млади при општина Кавадарци. На истата, советниците од Советот на млади на општина Кавадарци ги информираа членовите на ученичката заедница за работата на Советот на млади, чија главна задача е да ги прибира и презентира проблемите и потребите на младите пред советниците од Советот на општината.