МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Култура, култура и култура.Кавадарци според настаните во ова област е на самиот врв во Македонија, а со Културната есен која започна вечерва само го потврди тоа.

Триесетина дена ова манифестација веќе тече, вели директорот на Домот на Културата Владимир Темков и уште толкав период, а ке се продолжи и до Нова година до кога не очекуваат настани од сите области на културата, од сценско уметнички настани, театар,настани посветени на филмот, ликовни изложби и друго, вели Темков.

Градоначалникот Александар Панов кој ја отвори ова манифестација нагласи дека по културното лето, со помош на проектите на Владата во ова област и нашите пороекти на уметниците од градот , ке продолжат да се презентираат активностите со полн интензитет.

-Сега по завршувањето на работата на лозјата, за кавадарчани стасува времето кога можат да ги соберат плодовите на својата духовна работа.Носител на збиднувањата е Домот на Културата „Иван Мазов Климе„ во соработка со Музеј Галеријата и Библиотеката „Феткин“.Кавадарци се покажа во изминатиот период, особено кога беше Град на културата во Македонија .Јас и Советот и понатаму ги подржуваме сите културни активности , рече Панов вечерва.

Следуваше отворање на Изложба на фотографии “Кокино - Мистичен шепот низ вечноста“ од авторот Љупчо Илиевски за што градоначалникот подвлече дека за него Охрид и Кокино се двата феномени кои ги имаме и кои се природни бисери на Македонија.Сакам Кокино да биде заштитено од меѓународните институции затоа што тоа навистина го заслужува, рече тој.

12088095_979274385462008_2257342029538383169_n.jpg

За Илиевски и неговото творештво говореше професор Алекдсандар Кондев и самиот професионален фотограф.

- Ова е многу важна изложба, затоа што Кокино е значаен локалитет за Македонија, како доказ за долговечноста на цивилизацијата на ова тло, а тоа Илиевски со макотрпна работа од повеќе години успеа да го прикаже на светот преку своите фотографии, потенцира Кондев.

Вечерашните настани од културата ги следеа советници , љубители на културата.Вечерта заврши како и што почна, со фолклор.Да потсетиме најпрвин се случи дефилето кое се одвиваше по улицата „Илиндеска„ а потоа се преставија и на Градскиот плоштад со исечоци од нивните кореографии во рамкте на,,Распеаната чаршија“ .Учествува членовите на Фолкорниор Ансамбл од Прилеп, на Фолклорниот ансамбл од Кавадарци, на Фолклорниот ансамбл од Неготино, и на Фолкорниот ансамбл ,,Македонија„ од Скопје кој одржаа целовечерен концерт во големата сала на Домот на Културата во Кавадарци.Тие пред кавадарчани се претставија со неколку различни кореографии, ора и игри, народни обичаи од различни делови на Македонија, при што особен впечаток на вашиот новинар му остави свадбениот обичај со досега невидени за јавноста адети кои се правеле во минатото при правење на свадбена веселба.Ансамблот ,,Македонија,, се вистински професионалци.

Марјан Димитров