МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општинската организација на Црвениот крст Кавадарци, во престојната работна недела се очекува да реализира две крводарителски акции.

„Првата крводарителска акција е закажана веќе за во вторник, 19 јули, а истата е продолжение на долгогодишната соработка со вработените во Граничната полиција“ - информира Димитар Каракулев, претседател на општинската организација на Црвениот крст. На крајот од оваа работна недела, ќе следува уште една крводарителска акција, на која својата хуманост ќе можат да ја покажат сите кавадарчани. „Втората крводарителска акција на која сите кавадарчани ќе имаат можност да донираат од драгоцената течност ќе се оддржи во петок, 22 јули во Црвениот крст во Кавадарци, во периодот од 9 до 14 часот“ - дополнува Каракулев, кој повикува на масовен одзив на сите хумани граѓани.