МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прес конфeренција на Бетијан Китев посветена на работењето на Општината во иднина.

„Општината постои тука за вас граѓаните. Општината е тука да го подобри животот на сите граѓани. Токму затоа уште првиот ден после изборите ќе ја отвориме општината за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и поевтини услуги.

Како иден градоначалник, ќе воведам низа новини во работењето на општина Кавадарци. Како прво, ќе воведеме двократно работно време на општинската администрација, со цел подобро опслужување на потребите на граѓаните.

Ќе воведеме и кол центар каде граѓаните ќе може да се жалат за работата на институциите и одредени служби или да даваат свои предлози и сугестии.

Понатаму, одредени седници на Советот на општина Кавадарци ќе се одржуваат по селата, кога се дебатира за прашања од нивна проблематика.

Се обврзувам дека барем еднаш месечно ќе излегувам на дебата на телевизија каде јавно пред вас граѓаните ќе се обидам да одговорам на сите ваши прашања. Граѓаните од 16-ти октомври ќе добијат отворена и услужна општина. Општина за сите!„-се вели во изјавата за медиумите на кандидатот за градоначалник на СДСМ Бетијан Китев.