МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дрекслмајер одбележува пет години од основањето на компанијата во Македонија. Од самиот почеток компанијата растеше во континуитет и стана партнер на регионот.

Во изминатите пет години Дрекслмајер воспостави одлична соработка со повеќе од 500 домашни компании кои имаат значаен удел во досегашното успешно работење, a годишниот обрт на компанијата со домашните добавувачи изнесува на десет милион евра.

Петгодишниот јубилеј на Дрекслмајер во Македонија беше повод за заедничка прослава во фабриката во Кавадарци со дел од македонските добавувачи. Покрај приликата за подобро меѓусебно запознавање, на претставниците на компаниите им беа прикажани и работните процеси при направената обиколка во производствените хали на фабриката.

„Со производство и навремена испорака на висококвалитетен производ, DRÄXLMAIER Group е еден од првите 100 добавувачи во премиум сегментот на автомобилската индустрија. Како сигурен, квалитетeн и лојален добавувач кон своите клиенти исклучително ги цениме овие вредности и кај нашите соработници. Драго ми е што во Македонија голем е бројот на компаниите кои ги исполнуваат поставените стандарди, а се надевам дека досегашната соработка и во иднина ќе се проширува и добива на квалитет“, истакна на заедничката средба Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Од 2012 до сега Дрекслмајер создаде над 5.000 работни места, изгради сеопфатна мрежа со локалните добавувачи, инвестира во образованието и иднината на младите луѓе и го поддржува регионот со многубројни донации и проекти.

Во рамки на одбележувањето на петгодишниот јубилеј предвидени се низа други активности и настани и за вработените кои се секогаш во фокусот на DRÄXLMAIER Group.