МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На годинашново издание ке бидат изведени 19 нови песни

Детскиот фестивал Гроздоберче останува да ствара детски песнички, а неговата прокција да биде една од ретките во државата која го негува овој музички жанр.Се појавија и згаснаа повеке вакви фестивали, но Гроздоберче веќе 21 година стана синоним на новите детски песнички кои живеат со нас.Некои од гроздоберчињата веке се етаблирани музички имиња, станаа возрасни,граѓани кои имаа свои семејства и имаат свои деца на кои му ја всадија музичката култура.

Годинашново издание ке се одржи на 10 и 11 ноември(петок и сабота) на него најголем дел од учениците се наши македонски исполнители, а имаме и гости од Фестивалот на детска песна „Пахуља„ од Црна Гора и од Фестивалчето „Деца певају хитове„ од Ковин Република Србија.Двете вечери ке започнат во 19 часот во салата на Домот на културата „Иван Мазов Климе„.

Денеска направивме неколку фотки од една од последните проби на хорчето и инсполнителите во ООУ„Тошо Велков Пепето“.Токму хорчето ке биде од ова училиште.Важно е да го знаате ова а други детали ке соопштиме деновиве.Затоа следете не .РТК.мк ке биде медумски покровител на „Фестивалчето-Гроздоберче 2017„ како и лани...