МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во петок и сабота ( 10 и 11 ноември ) ке се одржат вечери на детската музика - 21 издание на фестивалот „Гроздоберче“

И годинава продукцијата на Меѓународниот Детски фестивал„Гроздоберче 2017„ е подготвена за старт.Компонирани се и снимени 19 нови песнички со различна содржина која е одраз на времето и потребата од нов музички стајлинг кој го карактеризира детското пеење. Најважно е што 21 година фестивалот се задржува со истата популарност и „младост„ која,како сега да почнува.

Директор на фестивалот е Зоран Станоев-Дејзи а продуцент Пепи Ангелов.Товарот сепак ,го понесе Дејзи па потоа сите останати, тој е генераторот за целата организација.Годинава солистите ке ги следи детско хорче од ООУ„Тошо Велков Пепето“.

И годинашнава продукција е одлична.Веќе се готови, композициски, текстуално и аранженски 19 композиции,се знааат и исполнителите-тоа се наши млади сограѓани, сите полни со позитивен адреналин, да застанат на сцената на „Домот на културата„ и да ја испеат својата прва песна.На фестивалот со по една песничка ке пеат претставници од детските фестивали „Златна пахуља„ од Црна Гора и „Клинци певају хитове„ од Ковин Р.Србија.Фестивалските вечери се предвидени на 10 и 11 ноември-петоки сабота во салата на Домот на Културата со почеток во 19 часот.РТК.МК е ексклузивен медиумски покровител.

001010010099999.jpg.jpg