МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од подамна некој гласно некој во себе, ама повекето со негодување реагираат на појавата на кучињата скитници на кавадаречките улици и јавни места.Со почетокот на учебната година и зголемената фрекфенција на ученици низ градот а посебно пред училиштата во Кавадарци го доведоа ова прашање од комуналната свера на површина.Кога е во прашање човечката безбедност тогаш паѓа хуманоста кон животните.Но сепак не се кавадарчани така нехумани.Тие само сакаат ова навидум едноставното прашање да се реши што побрзо или да се сведе во разумни граници.Велиме разумни затоа што во Кавадарци и покрај тоа што нема точен податок колку кучиња скитници има, сепак може да се оперира со илјадници, затоа што никогаш не било вака.

Работата е дојдена до таму некои ученици на училиште да одат и доаѓаат од него во придружба на блиски од семејството, заради стравот од напад.

-„Паркирам со колата во катната гаража, од таму излекуваат 3-4 кучиња, изгледа и гаражата му е место за преноќиште на сите кучиња скитници. На улица „7-ми септември“ ме пречекува по возрасна жена, живее на истата улица, со неа две деца, ми вика...еве каде е школото „Димка Габерот“ ама морам секој ден да го носам и земам од школото, поради кучињата кои шетаат сабајле по улицата, малиот парк спроти полицијата, катната гаража и секаде по градот.

Ова е дел од преписката која деновиве на социјалната мрежа Фејсбук привлече голема полемика во коментарите на еден наш сограѓанин и додава: „Или нека си ги приберат Здруженијата за заштита на животните, нели треба да се грижат за нив и додека се живи, а не само да ги сликаат кога некој изнервиран или ,,уапан,, граѓанин ќе отруе, обесе, или масакрира некое куче. Тој побара поддршка од медиумите, здруженијата за заштита на животните и локалната власт.

Различни се коментарите за начинот на справувањето со појавата на кучињата скитници, но желбата да се реши прашањето е единствена.Градначалникот Александар Панов, се сложува со состојбата повзана со кучињата скитници, и како Општина и Совет стојат на располагање на се расправа на највисокиот форум , да се изнајде соодветно решение , со соодветно парично вложување на средства за ова намена од буџетот на Општината. Формите кои досега се практикуваа не наидоа да трајно справување со ова несакана појава, но нема да е откажат ако се најде рационално решение за да бидат задоволени интересите на граѓаните, вели градоначалникот.Најважно од се е решението да биде со хуман третман за кучињата-скитници.